Иванов на спортско-културна манифестација во Теарце

 

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е покровител на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)“, денеска ќе присуствува на спортско-културната манифестација во општина Теарце.

Целта на проектот е да се промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.

Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт „Глобал“ е носител на проектот, во партнерство со општините вклучени во неговата реализација – Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце. 

30.09.2013 - 08:23

најчитано сега