Субрата Рој пристигна во Скопје
Сопственикот на компанијата „Сахара Паривар“, Субрата Рој, вчера вечерта пристигнал во Скопје. Повод за посетата на индискиот бизнисмен е Сахара Балканскиот мировен фестивал кој оваа година за прв пат се одржува во Скопје.
Рој пристигнал во Скопје заедно со своето семејство. Тој ќе има свое обраќање на Сахара Балканскиот мировен фестивал кој ќе се одржи на 2. октомври во Скопје.
Мировниот фестивал ќе биде отворен со штафетата на мирот која ќе ја носат македонски јавни личности. Фестивалот официјално ќе биде отворен со полноќен настан на Камен мост.
На фестивалот ќе присуствуваат педесетина светски лидери, меѓу кои ќе бидат поранешни претседатели, премиери, амбасадори, министри, холивудски ѕвезди.
Датумот на одржување на фестивалот е избран како роденден на Махатма Ганди, ден кој Обединетите Нации го прославува како Меѓународен ден против насилството.
Организацијата на фестивалот е спонзорирана од Сахара групацијата а покровител е македонската Влада.