СДСМ: Сега во енергетиката се работи домаќински и според закон
Во отсуство на политичка платофрма, идеја и програма ВМРО-ДПМНЕ штанца лажни вести и невистини, секојдневно, велат од СДСМ во својата реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ..
„Тендери во четири очи и заткулисни игри се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и криминалните политики со кои ја уништуваше енергетиката, ја укина ефтината тарифа а струјата ја поскапи за 100 проценти.
Во тоа време Христијан Хидро Мицкоски тераше бизниси со хидроцентрали.
РЕК Битола веќе ги демантираше лагите на ВМОР-ДПМНЕ.
Постапката била отворена и завршила со електронска аукција која автоматски ја исклучува можноста за личен контакт. Критериум за добивање електронската аукција била цената и затоа е избрана фирма која понудила најниска цена.
Преку домаќинско и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ ја стабилизира енергетиката и денеска државата продава вишоци на струја, а воведена е и ефтина тарифа на струјата“, пишува во реакцијата на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа