Лашкоска: Дали е во ред со Годишната програма да се дадат 15 милиони денари кај пријатели на министерот за култура

 

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната надзорна расправа на собраниската комисија за култура на која се расправаше за годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализација на програмата за 2018 година, изјави дека нерационалното прераспределување на средствата во годишната програма започнало токму од Алаѓозовски.

Таа го запраша Алаѓозовски дали смета дека е во ред што дури 15 милиони денари распределени во разни области дал кај свои пријатели во организацијата Контрапункт во која што до неодамна бил член па дури и основач.

Во своето излагање Лашкоска упати прашање и до советникот за култура на Заев, Цветанка Ласкова во кое запраша по кој акт ,закон или решение на неа и е доделено правото да врши ревидирање на годишната програма и дали не се чувствува непријатно што ревидирала програма на Весна Ѓиновска Илкова првенец солист во оперското пеење која е впрочем и еден од членовите на комисијата во областа на музичката и сценската дејност

Исто така Лашкоска прашува како е можно еден од најстарите и најреномираните фестивали, Валандово фест му се доделени само 1 милион денари што е три пати помалку од трите милиони кои ги добиваше за организирање и реализација додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега