СДСМ: Мицкоски признава дека судскиот процес против обвинетите за насилствата на 27 април е против злосторства организирани од фашисти
Ако судскиот процес против обвинетите за 27 април е „Нирнбершки процес“, како што вели самиот Мицкоски, дали со тоа признава дека се водел процес против злосторства против човештвото организирани од фашистичка власт, пишуваат во реакција од СДСМ на гостувањето на Мицкоски на ТВ Сител, нагласувајчи дека Нирнбершкиот процес е токму тоа!
„Мицкоски, исто како и неговиот шеф, Никола Груевски, сака да се меша во работата на судските и истражните институции. Не може да разбере дека помина времето кога политиката не се мешаше во нивната работата и диктираше судски пресуди. Тоа време заврши.
Правосудните судски органи се независни и постапуваат согласно своите законски надлежности, Христијан Мицкоски ќе мора да се помири со тоа“ стои во реакцијата од СДСМ.
Од СДСМ велат дека јавната шарада на Мицкоски, обидувајќи се да се замеша во одлуките на судската власт со паушални, неодговорни, неосновани и невистинити информации ја покажува нервозата во ВМРО-ДПМНЕ.
„Не може да се дефокусира вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април.
Одговороност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 ми април, преку транспаретна, законска судска постапка, мора да имаа“ стои во соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа