Стаменковска до Илиевска: Врз основа на кој правен пропис се одобруваат нови проекти и се прави ревизија на годишната програма
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска на денешната собраниска надзорна расправа на која се разговараше за политиките во културата на Владата и распределувањето на средства во годишната програма за култура, побара од советничката во министерството за култура Весна Илиевска да и објасни врз основа на кој правен пропис се одобруваат нови проекти, и врз основа на која основа се прави ревизија на годишната програма.
-Како што ви кажав, би требало да имате долгогодишно искуство и сама веќе се негирате во вашиот исказ бидејќи рековте дека согласно законот за култура којшто е матичен закон во делот на култура, но постапувајќи по правни акти коишто се во општо-управна постапка како што донесувањето на решението и имањето на правото на рок на жалба од 15 дена, вие се повикавте на законот за општо-управна постапка што е во ред, но го заборавате делот дека имаат право на жалба во рок од 15 дена по добивањето на решението, истакна Стаменковска.
Пратеничката Стаменковска и посочи на советничката Илиевска дека таа како правник требала да биде дел од тимот којшто ќе ги изготви тие решенија, а во случајот не се изготвени, и дека сите оние кои аплицирале на овој конкурс не добиле решенија дека се одбиени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа