ВМРО- ДПМНЕ: Случајот 27-ми април е политички монтиран процес, Заев и власта ги знаат пресудите и казните уште пред да бидат прочитани

 

Случајот 27-ми април е политички монтиран процес. Власта врши политички прогон и ги шиканира неосновано обвинетите, доказ за тоа е и неоснованото апсење на Митко Чавков и негово приведување непосредно пред да биде изречена пресудата, велат од ВМРО- ДПМНЕ во своето соопштение.

Од партијата велат дека јавноста е сведок на удбашки методи, какви што имало во периодот на Информбирото.

„Заев и власта ги знаат пресудите и казните кои ќе бидат изречени уште пред и официјално да бидат прочитани.

Нехуманиот и потценувачки третман стана пракса во затворите, а притворениците наместо грижа за нивната безбедност од затворската  управа се соочуваат со опасност по нивното здравје.

СДСМ и Заев ја погребаа правната држава. Уставот и законите не се почитуваат и се суспендирани. СДСМ и Заев мора да си одат. Владеењето на правото повторно мора да стане пракса“ велаѕ од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега