Стојаноска: Народот е иритиран и разочаран

 

Во вечерашната емисија на ТВ 24 „Отворено“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска која кажа дека разочараноста кај народот е поголема од оваа Влада бидејќи за неполни 2 години владеење на оваа владејачка гарнитура, која што најсилно говореше против непотизмот и партизација на администрацијата, го прави истото и дури и состојбата е значително полоша.

Таа кажа дека СДСМ ветуваше се само ваква состојба н,е како што е сега присутна во институциите каде цвета непотизмот.

Стојаноска појасни дека народот е револтиран и разочаран од политиките на СДСМ кои не остварија ништо од она што го ветуваа пред да дојдат на власт, а со кои ја добија довербата од граѓаните и мандатот.

Исто така Стојаноска кажа дека народот е иритиран бидејќи дел од партиските вработувањата се случиле 5 минути пред распишување на претседателските избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега