ВМРО-ДПМНЕ: Растот на БДП и на платите во Македонија е најмал во регионот
Во време на глобално поволна економска клима, растот на БДП и на платите во Македонија е најмал во регионот. Залудно СДСМ лаже и ја манипулира јавноста. Граѓаните на своја кожа ги чувствуваат нивните погрешни економски политики, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Фактите говорат дека македонската економија со СДСМ го допре дното. Криминалниот картел предводен од Зоран Заев ја доведе државата до питачки стап. Заради нивното расипништво повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и оваа бројка од ден на ден вртоглаво расте. За расипништвото на СДСМ говорат и секојдневните задолжувања од кои граѓаните не видоа никаков бенефит. Власта која ветуваше дека нема да се задолжува сега не направи најзадолжена држава. Откако се тие на власт јавниот долг надмина 5 милијарди евра што за прв пат ја надмина психолошката граница од 50%. Неспособноста на СДСМ ја потврдуваат мизерните 2,05% раст на БДП, бројка што е многу помала од најавуваните 5 или 7%. Капиталните инвестиции за јануари годинава изнесуваат срамни 1% и е многу веројатно дека и годинава како и минатата година СДСМ нема да реализира ни половина од планираните капитални инвестиции. Додека пак странските инвестиции со кои сега се фалат се инвестициите кои ги донесе или ги договори владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по кои СДСМ претходно фрлаше со дрва и камења. И тие се единствената светла точка во нивната економија, а граѓаните се уште ги очекуваат Гугл и Фејсбук чии инвестиции Заев бомбастично ги најавуваше“, велат од опозициската партија.
ОПд опозицијата обвинуваат дека СДСМ не се способни да раководат со државната економија.
„Единствено што донесоа беда и сиромаштија. Неуспесите на економски план на Македонија може да запрат само доколку СДСМ си заминат. Токму затоа почетокот на падот на овој криминален картел ќе почне со претседателските избори кога ќе ја добија казната од македонските граѓани“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа