СДСМ: Силјановска не е чесна пред граѓаните, молчи за обидите за убиство на 27 април
Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска не е чесна пред граѓаните – молчи за обидите за убиство на 27-ми април, велат во соопштение од СДСМ.
„Од една страна Силјановска дава евтини политички изјави а не кажа ниту збор против насилствата, не кажа ништо за обидите за линч, за организаторите на овие крвави настани, за нападот на демократијата…“ стои во соопштението.
Оттаму велат дека молкот ја демаскира Силјановска.
„Гордана Силјановска воошто не се срами што е поддржана од политичката структура која има крвави раце.
Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието“ велат во своето соопштение СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа