СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го брани насилството од 27 април, таа е симбол за криминал и нелегално прислушување

 

ВМРО-ДПМНЕ го брани насилството од 27 април. Партијата што брани криминал и насилници е симбол за нелегално прислушување, симбол на системско погазување на човековите права и слободи, денес да глуми загриженост за прислушување, велат од СДСМ.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират што правдата започна да функционира, што се расчистува бруталниот упад од 27 април кога во организиран напад се случи обид за убиство на пратеници и државен удар.

Наместо лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ да ги остави институциите да ја завршат започнатата истрага“ велат во соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега