АНКЕТА: Расте предноста на Силјановска пред Пендаровски

 

Расте предноста на професорката Гордана Силјановска пред нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски меѓу читателите на Press24.
Според анкетите кои се спроведуваат на нашата фан страна, Силјановска од недела во недела го зголемува своето водство пред Пендаровски.

Според последната анкета на која гласале над 5.000 наши читатели 63% би го дале својот глас за Силјановска а 37% за Пендаровски.
На анкетата направена во првата недела на март, од 6.100 гласачи 59% се определија за Силјановска а 41% за Пендаровски.


Најблиску двајцата кандидати беа во првата анкета која ја спроведовме во последната недела од февруари. Тогаш од 8.400 наши читатели кои гласаа, 52% се определија за Силјановска а 48% за Пендаровски.
Анкетите кои Press24 ги спроведува на својата фан страна може но не мора да дадат слика за тоа како изгледа расположението кај граѓаните.
На овие анкети своите ставови тајно ги изразуваат само оние кои што сакаат да го направат тоа, па затоа и резултатите треба да се земаат со одредена резерва.
До стартот на забраната за објавување на анкети, согласно Изборниот законик, Press24 на неделно ниво ќе го тестира расположението на своите читатели.
Доколку сакате да се вклучите во најновата анкета, се што треба е да одберете еден од двајцата кандидати за кои е извесно дека ќе се натпреваруваат во вториот изборен круг на 5 мај.


 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега