Коневски: Мицкоски е неискусен и прави многу грешки - Силјановска тешко да победи

 

Мицкоски е многу неискусен политичар кој направи многу грешки, вели поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски во интервју за 24 инфо. Коневски вели дека Гордана Силјановска е добро решение за претседател на Македонија но дека коалиционите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ веројатно нема да и овозможат канцеларија на Водно.
„ Не знам дали има фракции, но она што го знам е дека има многу искусни луѓе кои во моментов не се согласуваат со политиките на Мицкоски и се тргнати на страна. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ губи многу, затоа што станува збор за членови кои со своето знаење и искуство досега направиле многу за партијата, а убеден сум дека имаат волја да помогнат и во иднина, доколку им се даде можност“ – вели Коневски.
Силјановска беше моја професорка на Правниот факултет и знам дека станува збор за неприкосновен професионалец. Јас лично мислам дека таа е многу поквалитетен кандидат од нејзиниот ривал Стево Пендаровски. Но, за жал, коалиционите можности на мојата партија во моментов, според мене, се ограничени и тоа е голем хендикеп за Силјановска, што е многу веројатно да се одрази и на конечниот резултат.“ – додава Коневски кој за себе вели дека во последните месеци воопшто не е политички активен иако фигурира како советник во ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Ивица Коевски во ВМРО-ДПМНЕ се доживува како претставник на крилото кое го предводи Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци. Во партијата коментираат дека тој и Тодоров заедно со Јанчев имаат договор да ги напаѓаат политиките на ВМРО-ДПМНЕ во замена за имунитет од кривични постапки кои во последните неколку месеци интензивно се отвораат против функционери на сегашната опозиција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега