Костадинов: Да се издигнеме над партиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава

 

По прес за новинарите, потпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов одговарајќи на новинарско прашање рече дека во интерес на воспоставувањето на правната држава и во интерес на воспоставување на независни правосудни ограни.

На прашањето дали има шанси да се дојде до решение помеѓу СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, во врска со законот за СЈО, тој рече дека е потебно да се издигнат над партиските интереси и да се стави интересот на државата на прво место.

-Околу какви било прогнозирања за тоа дали има шанса или нема шанса, јас можам само да порачам дека треба да се издигнеме како политички партии над теснопартиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава и во интерес на воспоставување на независни правосудни ограни. Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ, имаат време до четврток додека да отпочне амандманската расправа да размислат дали навистина ќе се водат од нашите интереси за нашата европска интеграција и НАТО интеграцијата или ќе останат како што тоа го правеа и досега да бидат на страната на криминалот во обид на амнестија на сите криминалии на претходната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има јасни недвосмислени принципиелни ставови во однос на правосудните органи во државата исто и во однос во законот за Јавното обвинителство- рече Костадинов.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега