ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски може на младите да им донесе само поголеми лаги и поголема беда
Пендаровски исто како и Зоран Заев лаже и манипулира со младите во Македонија. Реалноста е дека младите се најголемата жртва на СДСМ кои се власт цели две години а немаат мрднато со прст за нив, Ссе вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Стево Пендаровски.
„Пендаровски заедно со СДСМ на младите им ветуваа брда и долини, намалување на младинската невработеност и враќање на младите во земјава. Откако дојдоа на власт ништо од тоа не е сторено, напротив се е полошо.
Ветувањето за вработување, дообучување или практикантство за сите млади по завршување на образованието се претвори во обична лага.
Светска банка потврди дека за 2018 година, од сите земји од регионот само Македонија има зголемување на невработеноста кај младите која достигна бројка од високи 47,6%.
Светска банка исто така потврдува дека откако е СДСМ на власт расте сиромаштијата кај младите. Според нивниот извештај 24 - 26% од младите живеат на прагот на сиромаштијата што значи дека како резултат на владеењето на СДСМ над 140.000 млади едвај врзуваат крај со крај.
Додека пак ветувањето за враќање на младите во земјава се докажа дека е уште една лага во низата. Во изминативе две години бројката на иселување на младите од ден на ден се повеќе се зголемува.
СДСМ ги остави младите без перспектива, и тие се наоѓаат на работ на општеството. СДСМ докажаа дека воопшто не се заинтересирани за подобрување на животниот стандард на младите луѓе во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Пендаровски како копија на неговиот партиски шеф Зоран Заев може на младите да им донесе само поголеми лаги и поголема беда. Токму затоа на 21 април ќе ги стигне казната од младите кога ќе бидат жестоко поразени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа