ВМРО-ДПМНЕ: Терористи од ИСИЛ добија три пати помали казни од осудените за 27. април
ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение до јавноста обвини дека македонското судство го допре дното.
Ви го пренесуваме текстот интегрално.
Македонското судство го допре дното пресликувајќи ги двојните аршини, непринципиелноста и неморалноста на Зоран Заев и Стево Пендаровски.
Политичкиот прогон стана пракса за справување со политичките противници на заевизмот. Оние кои први го крена гласот против неговите погубни политики беа првите жртви на заевизмот.
Срамен е фактот што повратниците од војните на Блискиот Исток, терористи кои се бореле на страната на ИСИЛ, кои егзекутирале луѓе на идеолошка основа, добија затворски казни од 6 години, три пати помали казни од оние кои им беа изречени на полициските службеници во политички монтираниот случај 27-ми април. Припадниците на ИСИЛ добија помали казни од патриотите и припадниците на македонските безбедносни сили кои животот го посветиле во одбрана на Република Македонија кои добија 211 години затвор и беа прогласени за терористи.
Политичките затвореници не се одлика на една демократска држава, аспирант за членство во ЕУ. Македонија е единствена држава во демократска Европа која има политички затвореници во своите затвори.
Како и пресудите така и притворите во политичката монтировка наречена 27-ми април се уште едно грубо прекршување на основните човекови права и правните начела. Притворите за осудените се неосновани и неважечки со оглед на фактот што во моментот се уште се на сила паричните гаранции кои ги дадоа обвинетите.
Пендаровски е само опачина на Заев, другото лице на заевизмот, симбол за неправда и политички терор. Човек како и Заев со неконзистентни ставови, политички макијавелист чија политичка кариера е изградена на ноторни лаги. Победата на професорката Гордана Силјановска Давкова ќе го означи почетокот на враќањето на правда во Македонија, почетокот на крајот на заевизмот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа