СДСМ: МВР покажа како се работи во интерес на граѓаните
СДСМ денеска преку соопштение се огласија и соопштија дека со нив се намалил бројот на мигранти и дека МВР покажало како се грижи за граѓаните.
Ефикасноста на институциите дава резултати, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти
Посветеноста на институциите во борбата против криумчарење мигранти дава резултати.
Според официјалните податоци, во 2018 година, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти во земјата.
Националната агенција за спречување на криумчарење мигранти и трговија со луѓе формирана од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство дава реални резултати. Институциите се трипати подобри и поефикасни во спречувањето на криумчарењето и трговијата со луѓе.
МВР со своето ефикасно и професионално делување, покажува како се работи во интерес на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа