ВМРО до СДСМ: Ниеднаш не рековте Македонија а зборувате дека работите за народот

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на тврдењата на СДСМ дека со нив се намалил бројот на мигранти и дека МВР покажало како се работи во интерес на граѓаните.

 СДСМ наместо да се борат против, тие се борат за криумчарење на мигранти низ Македонија.  Началникот на штипската полиција се уште е на таа позиција, иако е фатен во криумчарење на мигранти. Ова е доказ за лицемерието на СДСМ.

 

Патем останува нејасно за  какви и чии статистики говори СДСМ бидејќи во своите соопштенија ниту еднаш не го користи терминот Македонија.

Сето ова покажува со каков криминален и однароден картел на власт си имаат работа граѓаните. Тоа мора да престане. Почетокот на крајот на заевизмот ќе бидат претстојните избори кога граѓаните јасно ќе ја казнат оваа криминогена структура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега