СДСМ: Со нас се намали невработеноста, платите растат, граѓаните подобро живеат

 

СДСМ денеска преку соопштение до јавноста се пофалија за успешните политики.

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот во интеграцискиот процес позитивно влијаат врз економијата.

 Потврда за тоа се најмалку пет клучни економски параметри.

 

 1. Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2018 година бележи раст од 3,7 отсто.

 

 2. Вратена е довербата во економијата а доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 година.

 

 3. Растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години и изнесува 5,4 отсто.

 

 4. Во декември 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата од 8.1 процент.

 

 5. За наполни две години стапката на невработеност е намалена, а само во минатата година отворени се над 26.000 нови работни места.

 

 Заклучокот е дека работите се движат во добар правец. Важно е напредокот да продолжи. Тоа значи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инветиции, нови работни места и подобар животен стандард.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2019 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега