Грчева: Ќе ги бојкотираме претседателските избори

 

Партијата „Глас за Македонија“ ќе ги бојкотира претседателските избори, најави претседателката Солза Грчева во вечерашното гостување на Канал 5. Таа рече дека партијата нема да излезе на изборите и дека членството нема да гласа ниту за еден од понудените кандидати.

-Не знам зошто би дале шанса ни на едните ни на другите. И двете партии не трчаат по неопределените гласачи, туку по гласачите во свои кампуси, бидејќи во двата кампуси ја изгубија поддршка. Сега треба да ги убедат своите членства дека треба да излезат да гласаат. Посакувам да нема цензус, по што би дошле до техничка влада која ќе распише предвремени избори – рече Грчева.

Таа додаде дека не сакала да се кандидира на изборите бидејќи не сакала да биде кандидат за претседател на Македонија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2019 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега