СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ избриша една прес-конференција со лажни вести, ги охрабруваме да продолжат

 

ВМРО-ДПМНЕ избриша една прес конференција со лажни вести, ги охрабруваме да продолжат, порачаа од СДСМ.

– Вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, која беше последен класичен пример на ширење лажни вести, со наслов „Зошто Заев се уште молчи за скандалот со лиценци за марихуани од кои ќе се земаат милионски суми?“ избришана е од веб страницата на партијата. Видеото веќе не може да се најде ниту на официјалната Фејсбук страница на партијата, информираат од СДСМ.

– Добро е што ВМРО-ДПМНЕ, макар и симболично, почна да ги брише сопствените лажни вести.

Ги охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да се вратат наназад и истото да го сторат со сите лажни вести што досега ги ширеа во нивните јавни настапи и партиски комуникации, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2019 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега