Пратениците ќе ја продолжат 72. седница

 

Македонскиот парламент денеска, во рамки на 72. седница ќе гласа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за основање Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, за изменување и дополнување на Законот за научно - истражувачката дејност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странците.

На дневен ред се и неколку предлог закони по скратена постапка и тоа дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Предлог на закон за правосудниот испит, измените и дополнувањата на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, поднесен од Малиша Станковиќ.

На 72. седница се и дополнетите предлози на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми, во второ читање. 

01.10.2013 - 08:35

најчитано сега