Промоција на публикација во Академијата за судии и јавни обвинители

Денеска академијата за судии и јавни обвинители и Министерството за правда на Република Македонија ќе ја промовираат публикацијата „Збирка на пресуди на Европскиот суд за човекови права, по членот 10 – слобода на изразување“.

На денешната промоција свое обраќање ќе имаат министерот за правда Блерим Беџети, директорот на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права Костадин Богданов  и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска.

Во два тома од Збирката се содржани преводи на значајни пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права против други држави во однос на член 10 слобода на изразување од Европската конвенција за човекови права, а воедно се содржани и две одлуки против Република Македонија.

Членот 10 од ЕКЧП, а посебно судската пракса на Европскиот суд за човекови права се исклучително важни за државите-потписнички на Конвенцијата и тоа не само заради владеењето на правото, туку и заради вградување на стандардите и принципите  во законите и во праксата на домашните судови.

01.10.2013 - 09:29
Фото: 
спектра

најчитано сега