Квалитетна и ефтина домашна маска против брчки

 

Квалитетна и евтина, а исклучително делотворна. Едноставно, мора да ја пробате.

Нашата кожа е исклучително нежна. Со текот на годините таа ја побрзо ја губи својата еластичност, а потоа на сцена настапуваат брчките. Ситните брчки коишто се појавуваат околу нашите очи, некои ги прифаќаат како природен процес на стареењето, но многумина од нас се обидуваат да го продолжат и сочуваат младешкиот изглед.
За подготовка на оваа крема ќе ви бидат потребни 1/5 мала лажичка кокосово масло и 2 до 3 капки етерично масло од темјан. Едноставно, измешајте ги и двете масла и нанесете на кожата со лесни и масирачки движења, на чисто и суво подрачје околу очите, или на целото лице. Кремата се нанесува два часа пред спиење и притоа, не се исплакнува. Оваа крема ќе ви послужи како чудесен еликсир за тенката кожа околу очите.

Кремата може да ја употребувате и за пределот на деколтето, а може да направите и поголемо количество коешто би требало да го чувате во помал стаклен сад.

Со бенифитите коишто ни ги донесува кокосовото масло многумина од вас се со сигурност веќе добро запознаени. Ова масло е навистина непроценливо во служба на негата на нашата кожа.

Од друга страна пак, етеричното масло од темјан е многу ценето во козметиката поради регенеративното дејство на кожата, природниот лифтинг којшто го постигнува и корекцијата на брчките.

Инаку, поседува сладок, топол и длабок мирис којшто го подобрува расположението и опушта. Исто така, ја намалува и анксиозноста, депресијата, нервната напнатост, главоболката и несоницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2019 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега