СВР Охрид доби 10 од новите полициски возила „Шевролет“

 

Секторот за внатрешни работи – Охрид доби десет од новите полициски возила „Шевролет-спарк“.

По две возила се отстапени на полициските станици во Струга и Кичево, а едно на полициската станица во Дебар. Преостанатите пет возила ќе останат во Охрид, за потребите на охридската полициска станица односно за полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.

Возилата што се во полициска изведба, покрај уредите за звучна и светлосна сигнализација, имаат целосно вградена современа и неопходна полициска опрема. 

01.10.2013 - 10:53
Фото: 
Денешен

најчитано сега