Ахмети- Која: ДУИ потоплно подготвена за претседателските избори

 

Претседателот на Демократската Унија за ИнтеграцијаАли Ахмети се сретнал со Амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, елаборирал околу политичката ситуација во земјата и регионот, владеењето на правото, изборите и други теми со меѓусебен интерес. 

Ахмети го поздравил унапредувањето на Секретаријатот за Спроведување на Охридскиот Договор во многу повисоко ниво во Министерство, истакнувајќи дека ова е многу важно достигнување кое уште повеќе го засилува духот на Охридскиот Договор. 

Тој зборувал и за ангажирањето на ДУИ во насока на владеењето на правото и исполнувањето на европските стандарди истакнувајќи ја конструктивната и одлучна улога што ја одигра ДУИ во создавањето и донесувањето на реформските пакети. 

ДУИ се надева дека овие напори ќе се земаат во обзир од земјите членки на Европската Унија. Во врска со претседателските избори Ахмети дал до знаење дека сите изборни штабови се формирани во сите ограноци на ДУИ и се функсионални во насока на победа на концептот на заедничкиот консензуален кандидат. 

Ахмети и Која разговарле и за случувањата во регионот како и за процесот на зачленувањето во ДУИ и за Конгресот што треба да се одржи после завршувањето на изборниот процес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2019 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега