СДСМ: Наместо да измислува непостоечки сценарија, Мицкоски нека одговори за фирмата на неговиот баџанак

 

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажни вести, продолжува со креирање на измислени и непостоечки случаи, велат од СДСМ.

Оттаму наведуваат дека јавноста сеуште чека одговори од  Христијан Мицкоски за фирмата на неговиот баџанак.

„Наместо да се крие Мицкоски да каже кој е неговиот личен  интерес од фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев , „Дано Транс ЕООД“.

Мицкоски да каже и за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Васил Пишев кои имаат фирми во Бугарија, отворени исто така  во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ“ велат во своето соопштение од СДСМ.

Од партијата велат дека колку повеќе се приближува датумот на престојните претседателски избори , толку повеќе расте нервозата кај Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

„Во отсуство на идеја, програма и план, немајќи што да понуди на граѓаните, Мицкоски го тера неговото познато сценарио на креирање лажни вести“ стои во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2019 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега