СДСМ: Доби ли Мицкоски нови насоки од Груевски за деструктивно делување?
ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски еден ден пред почетокот на предизборната кампања бил на „транзитно“ патување преку Будимпешта, се вели во соопштението на СДСМ.
„Доколку се вратил Мицкоски од „транзитното“ патување преку Будимпешта треба да одговори дали се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски? Дали непосредно пред почетокот на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска? Доби ли Мицкоски нови насоки од Груевски за деструктивно делување?“, прашуваат од владеачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа