• *МОМЕНТАЛНА ЗАГАДЕНОСТ*
  • Популарно денеска
  • Последни вести
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • RSS

  • Насловна
  • Македонија
    • Политика
    • Скопје
    • Црна Хроника
  • Бизнис
  • Свет
  • Забава
  • Спорт
  • Технологија
  • Интервју

Издвоено

  • 15.06.2025 - 15:48
    (ВИДЕО) Митева и Лефков во увид на Пониква: Одморалиштето се подготвува како рехабилитациски центар за настраданите од Кочани
  • 15.06.2025 - 15:09
    Ново откритие кај Маркови Кули: Пет гробници пронајдени во карпа
  • 15.06.2025 - 13:19
    Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столбa кои ќе го трансфорираат здравството

Избори 2017

  • 15.11.2017 - 13:04
    ДИК ги прогласи за завршени локалните избори
  • 13.11.2017 - 13:27
    ДИК: Нема поднесено приговори за прегласувањето во Чаир
  • 12.11.2017 - 18:55
    ДИК: До 17 часот излезноста е 34,9 проценти во Чаир

Ѓорчев: Македонија гори, мора да има оставки и разрешувања за оваа негрижа, пустош и анархија

 

Со недели и недели половина Македонија гори, никој не презема одговорност. Г-дине Заев време е за оставки, време е за разрешување. Имаме ситуација во која како никогаш досега, во месец март има повеќе од петстотини пожари низ Македонија којшто никој не ги гаси, за којшто ништо не се превзема и не се бркаат сторителите. Се работи за пустош низ Македонија, се работи за невидена анархија досега во историјата на Македонија којашто многу, многу ги чини граѓаните на Македонија. Исчезнуваат шумите, горат овошни насади на луѓето, имаме евакуирање на цели села. Прашање на време е кога ќе дојдат жртви, изјави на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој додаде:

„Никогаш во Македонија немало повеќе од петстотини пожари во месец март. Тоа значи дека нема држава. Тоа значи дека нема институции. Тоа значи дека има целосна спрега на криминалот заедно со државните институции. Вклучени се шумската мафија, вклучени се институциите на полицијата, локалните власти и министерствата. Не може во Македонија да има повеќе од петстотини пожари, а институциите да се индиферентни. Има таква зачмаеност, да има таква негрижа. Оваа негрижа многу ги чини шумите многу ги чини граѓаните, имотите на луѓето коишто ги имаат уништено. Се уништуваат националните паркови. Во време додека Зоран Заев оди и се поздравува и пие кафе низ чаршијата во Охрид гори струшко, гори Галичица, гори Преспа, гори трската. Никој ништо не превзема. Тоа е невидена негрижа.“

Ѓорчев му порача на премиерот Заев дека време е за оставки, време е за разрешување и дека време е некој да поднесе одговорност за оваа невидена негрижа која доведе до тоа да се има такво охрабрување, такво осоколување на криминалците кои што се заштитени од институциите на власта, за да имаме ситуација којашто во месец март внимавајте имаме повеќе од 500 пожари.

-Ваква негрижа и анархија не е видена во историјата во Македонија, горат огромни подрачја шумски и на Скопска Црна Гора и на Шара, гори во Поречието, гори во Источна Македонија во Малешевијата. Во Македонска Каменица се евакуираше цело село, беа загрозени животите на луѓето, гори националниот парк Галичица, гори Преспа, гори трската гори околу езерата. Имаше огромни пожари околу Кавадарци и Неготино, гори во Струмичко. Ваква негрижа едноставно човек го остава без зборови. Очекуваме и јавноста бара да има одговорност, оставки и разрешувања, ова е фијаско и дебакл на државните институции, фијаско и дебакл на државните институции на Зоран Заев, порача Ѓорчев.

Според него имаме одговорност во Министерството за внатрешни работи и на Оливер Спасовски кои што ништо не превземаат за да имаме одвраќање на оние кои што палат, имаме одговорност на Министерството за шумарство, да тоа е Министерство за шумарство, Министерство за земјоделие но исто така и шумарство. Министерот Николовски никаде го нема, а половина шуми му изгореа.

-Имаме одговорност во Македонски шуми, Дирекцијата за заштита и спасување чии што директор исто така пие кафиња додека половина Македонија гори. Тоа е трагична неодговорност, тоа е трагична неодговорност и сето она што сега го гледаме, да Македонија регресира. Имаме ситуација каде што во Македонија половина држава гори, никој не се грижи за тоа, половина Македонија се иселува на никој око не му трепнува, каде што германските инвеститори велат нула, нула е Владата за инвестиции, никој не е разрешен, каде што имаме рекет и убиства низ цела Македонија никој не презема одговорност едноставно ситуација каква што никогаш, никогаш, никогаш сме немале во Македонија. Ова е државна катастрофа што се случува, подвлече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Tweet

Добивајте вести на Viber

Политика
31.03.2019 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

Tweet

најчитано сега

(ВИДЕО) Митева и Лефков во увид на Пониква: Одморалиштето се подготвува како рехабилитациски центар за настраданите од Кочани

Инцидент со мечка во тетовско: Изедено едно домашно животно, другото повредено

Ново откритие кај Маркови Кули: Пет гробници пронајдени во карпа

Шеста Парада на гордоста во Скопје на 21 јуни: „Ќе (оп)стоиме заедно“

Хеликоптер се урна во Грција

Пронајдени човечки останки во близина на Штип

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Конфликтот меѓу Израел и Иран влезе во опасна фаза, а ова се најлошите сценарија, светот би бил во пламен

Ескалација на Блискиот Исток: Израел испрати предупредување за евакуација

Двајца Македонци тешко повредени во сообраќајка во Албанија

Герасимовски: Центарци го поддржуваат пилот проектот за затворање на Дебар маало за возила

(ВИДЕО) „Сѐ се стемни, мислев ќе умрам“, сведочи единствениот преживеан од падот на индискиот авион

Драматична несреќа кај Кочани: Возач со 2,88 промили алкохол се превртел со возило без таблички

Тешка несреќа кај Битола: 17-годишна моторциклистка тешко повредена по удар во камион

Македонија

  • 15.06.2025 - 15:48
    (ВИДЕО) Митева и Лефков во увид на Пониква: Одморалиштето се...
  • Герасимовски: Центар со финансиска помош за Кочани, кога е најтешко да...
  • Николоски и Трајановски извршија вонреден надзор над активностите за и...
  • Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Политика

  • 15.06.2025 - 15:42
    ДУИ: Владата промовира „Српски свет“ и руски наративи, дирек...
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секојдневно фабрикува лаги за Филипче
  • ВМРО-ДПМНЕ: Која е причината што ЈО молчи за идентичен случај и има ра...
  • Дурмиши: Презентиран Оперативниот план за вработување 2025 – Над 40 ми...

популарно

  • Конфликтот меѓу Израел и Иран влезе во опасна фаза, а ова се...
  • (ВИДЕО) Митева и Лефков во увид на Пониква: Одморалиштето се...
  • Ескалација на Блискиот Исток: Израел испрати предупредување за...
  • Прекината истрагата за Панчо од ДНК
  • Ново откритие кај Маркови Кули: Пет гробници пронајдени во карпа

Последни вести

  • (ВИДЕО) Митева и Лефков во увид на Пониква: Одморалиштето се подготвува како рехабилитациски центар за настраданите од Кочани
    15.06.2025 - 15:48
  • ДУИ: Владата промовира „Српски свет“ и руски наративи, директно се конфронтира со НАТО
    15.06.2025 - 15:42
  • Москва нападна рафинерија за гориво на украинската армија
    15.06.2025 - 15:31
  • Инцидент со мечка во тетовско: Изедено едно домашно животно, другото повредено
    15.06.2025 - 15:14
  • Ново откритие кај Маркови Кули: Пет гробници пронајдени во карпа
    15.06.2025 - 15:09
  • Шеста Парада на гордоста во Скопје на 21 јуни: „Ќе (оп)стоиме заедно“
    15.06.2025 - 14:57
  • Хеликоптер се урна во Грција
    15.06.2025 - 14:16
  • Пронајдени човечки останки во близина на Штип
    15.06.2025 - 13:51

интервју

  • Орце Ѓорѓиевски: Во партијата не се води внатрепартиска битка за Скопје, туку процес на конструктивна конкуренција

СТАВ

  • Црни денови за уставниот поредок -анализа на предложените измени во Законот за рестрикции

Version 2.01 | 2013                                                                                                                                               импресум |маркетинг | услови за користење | приватност
Њу Медиа Комјуникејшн  © 2010 | сите права заштитени