Стоилковски: Средба на работните групи за измените во законот за јавно обвинителство треба да закаже Дескоска

 

 

На денешната пресс конференција Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговори на новинарското прашање: Дали ќе има средба на работните групи во врска со измените во законот за јавно обвинителство?

- Во текот на викендот нема да има средба. Средбата треба да ја закаже министерството за правда, треба да ја закаже Рената Треновска Дескоска. Колку што знам оставен е период за внатрепартиски консултации по којашто ќе следува нова средба на работните групи. Во однос на претходното прашање за тоа што велите дека се очекува денеска да бидат изложени бројката на вработувања во јавната администрација, тукушто објавив нови огласи коишто се коруптивно дело, коруптивно влијание врз гласачкото тело во предизборни цели, во изборни цели што е тежок вид на криминал и корупција. Само овој период досега објавив три прес-конференции за три јавни институции, односно државни институции каде што се вработуваа времено работници, секако во очекување на нивно посакувано поднесување за време на изборите од страна на власта. Вакви огласи не беа спроведувани за време на оној меѓу период од референдумот до сега, а многу индикативно што вакви времени вработувања, огласи беа распишувани за време на кампањата и пред кампањата за референдумот што повторно е едно коруптивно едно криминогено дело за коешто Јавното Обвинителство се уште не се произнесе.

Во меѓупериодот, во двата меѓуизборни периоди да потсетам дека јавноста беше шокирана од секојдневните афери коишто избиваат во јавноста токму заради непотизам и полнење на армијата од СДСМ во администрацијата односно злоупотребите за вдомување на партиски, звучни презимиња, нивни блиски на партиски одработувачи на синови и ќерки, мајки на пратеници на функционери на СДСМ , на функционери во локалните самоуправи во општините како и на се што може да се злоупотреби од јавната администрација за вдомување на партиската војска на СДСМ што е класична партизација што значи класично делување спротивно на европските норми и спротивно на она за што СДСМ се залагаше, а тоа е департизација на администрацијата и како што велеа намалување на како велеа неефикасната и неефективната администрација во Република Македонија. Така да што и да биде изложено како бројка за намалување на некакво намалување претпоставувам на невработеноста или за полнење на армијата во администрацијата апсолутно дека ќе следува реакција откако ќе ги слушнеме бројките но, не очекувам да биде подалеку од ова што сега ви го кажувам - кажа Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2019 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега