СДСМ: Дали Силјановска е потпишана на кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија?

 

Дали Силјановска е потпишана на кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, пишуваат СДСМ во соопштение.

„Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски не е искрена, не е чесна и лицемерна е кон граѓаните. Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, во јавноста говори дека не го признава уставното име на нашата татковина, Република Северна Македонија. Таа јавно се обврза дека никогаш нема да го користи тоа име.

Но да видиме видиме дали е Силјановска чесна како што се претставува или не е како што знаеме?“ велат од СДСМ.

Од партијата велат дека пред граѓаните Силјановска треба да одговори како ја поднела кандидатурата до Државната изборна комисија?

„Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?

Дали уште пред да почне кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја излажа јавноста за едно од нејзините клучни ветувања?

Јавноста чека одговори“ пишува во соопштение СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега