Ременски: Силјановска да одговори дали е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?
Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски не е искрена и е лицемерна кон граѓаните, кажа денешната изјава за медиуми на потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.
„Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, во јавноста говори дека не го признава уставното име на нашата татковина, Република Северна Македонија. Таа јавно се обврза дека никогаш нема да го користи тоа име. Но, дали е Силјановска чесна како што се претставува или не е како што знаеме? “, запраша Ременски.
Таа ја повика Гордната Силјановска Давкова, кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пред граѓаните да одговори како ја поднела кандидатурата до Државната изборна комисија?
„Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија? Дали уште пред да почне кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја излажа јавноста за едно од нејзините клучни ветувања? Јавноста чека одговор. Лажно и лицемерно однесување пред граѓаните е неприфатливо. Граѓаните ќе одберат вистински, искрен и чесен претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе го изберат Стево, претседател на сите граѓани кој ќе ја води државата кон напредок, развој и инетграција во ЕУ и НАТО“, кажа Ременски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа