СДСМ до Мицкоски: Градевте дворци во најголемата сиромаштија за граѓаните

 

Од СДСМ денеска со обвинение за опозициската ВМРО. Ви ја пренесуваме реакцијата во целост.

Вистинската адреса за лаги и лажни вести е белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, симболот на лажни вести, измислици и деструкција

 Подмладокот на Христијан Мицкоски повторно ја промаши адресата.

 

 Штабот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на лажни вести е вистинската адреса на тема лаги и лажни вести.

 

 Доколу имаат проблем да го лоцираат, тоа е оној скапоцен дворец изграден во време на најголема сиромаштија и задолжувања на граѓаните и државата.

 

 Денешниот ден, први април е ден на Христијан Мицкоски неговите лаги.

 

 Во остуство на конкретни идеји, план и програма, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ своето делување го сведоа на лажни вести, деструкции и обид за блокада на иднината и на државата.

 

 Затоа Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ од јавноста веќе се препознаени како симбол на лажни вести и измислици.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега