СДСМ: Од земја зависна од увоз, денес државата продава вишоци на струја и заработува од сопственото производство

 

Остварената добивка на ЕЛЕМ од близу 30 милиони евра е уште показател за успешноста на политиките во енергетиката на Владата предводена од СДСМ, велат преку соопштение од владеачката партија на СДСМ.

Од таму велат дека од држава која беше зависна од увоз на струја, денес АД ЕЛЕМ преку домаќинско работење за една година успеа да произведе и продаде вишоци на струја од вкупна вредност од над 21 милион евра.

„Домаќинското управување со АД ЕЛЕМ сериозно ги намалило трошоците, па во 2018 година направени се сериозни заштеди во ова претпријатије. Сето тоа резултирало добивката на АД ЕЛЕМ во 2018 година да изнесува над 29 милиони евра, со што 2018 е најуспешна економска година за ЕЛЕМ.

Времето кога ЕЛЕМ беше партиска подружница на ВМРО-ДПМНЕ, кога се увезуваше скапа струја заради бизнис интереси, кога Мицкоски добиваше бизниси со хидроцентрали од Владата на Груевски, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, со домаќинско и отчетно работење, државата произведува вишоци на струја и го унапредува енергетскиот сектор.

Интеграциите на државата во ЕУ и НАТО дополнително ќе ги подобрат условите за развој на енергетскиот систем, а позитивниот тренд во енергетиката предвидено е да продолжи и годинава“ стои во соопштениетоод СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега