СВР-Битола доби нови 15 полициски возила

Денеска  во СВР-Битола беше посочено дека секторот неодамна, освен 15 полициски возила „шевролет спарк“, добил и 15 возила „шкода јети“ со што значително е подобрена сликата на возниот парк во СВР-Битола.

- Новите возила се економични и со целосно вградена полициска опрема. Со зајакнувањето и подобрувањето на возниот парк ќе се придонесе за зголемување на ефикасноста на полицијата, истакна Магдалена Димитровска, задолжена за односи со јавност од СВР-Битола.

Според потребитена секторот  ќе се користат 5 полициски возила „шевролет спарк“во подрачјето на општина Битола додека останатите 10 полициски возила ќе бидат распределени во полициските станици во општините Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод.

01.10.2013 - 13:26
Фото: 
Денешен

најчитано сега