СДСМ до Мицкоски: Нема да ти успеат лагите, македонската химна е признаена секаде

 

СДСМ денеска реагираа на обвинувањата на опозицијата за неинтонирањето на химната вчера пред Влада, при посетата на Ципрас. Ви го пренесуваме текстот интегрално.

Залудни се обидите на Мицкоски преку измислени и непостоечки случаи да ја врати државата во темното минато на изолација, уназадување и неизвесност.

Како што јавно соопшти Владата, поради доцнењето на слетувањето на авионот, а со цел да се исполнат сите активности од агендата, биле изоставени сите протоколарни свечени активности при дочекот, вклучително гарда, цвеќиња, воени почести, интонирање на химната и слично.

Македонската химна ниту била ниту е спорна или предмет на преговори. Таа досега била интонирана во повеќе прилики во присуство на официјални претставници од грчка страна и натаму ќе биде интонирана согласно протоколите. Македонската химна е признаена од целиот свет.

Со тоа паѓаат во вода конструкциите на Мицкоски кој продолжува со лицемерието и лажниот патриотизам.

Вчерашната прва посета на еден грчки премиер на Скопје во 28 години е доказ дека пријателствата носат економски придобивки, успешноста политиките на Владата предводена од СДСМ во намерата државата да стане дел од демократскиот развиен свет.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да ја вратат државата назад, наместо на измислици нека се подготват за пораз на претстојните избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега