ВМРО до Дескоска: Тешко е да браните човек кој бараше едно евро за црквата, едно за Вицето
ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција на изјавата на Дескоска околу Законот за СЈО; дека Мицкоски добива погрешни насоки од менаџерот Груевски. Ви ја пренесуваме во целост.
Очигледно министерката за правда тргна да го брани премиерот кој носи неправда. И ја разбираме, иако не ја оправдуваме Дескоска има задача да оправдува аболиран човек, и тоа не е лесна задача.
Ама не се дрзнува да говори јавно за тоа бидејќи нели Заев е божество, или во најмала рака Тито како што го викаат на неговите приврзаници на митинзите.
Но реалноста е дека ниту Заев е Тито ниту некакво божество, туку човекот кој полустуткан од својот кабинет бараше мито едно евро за црквата, едно евро за Вицето. Ете затоа Заев не сака правда, зашто тој е лицето на неправдата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа