СДСМ: Силјановска се потпиша како кандидат за Северна Македонија а го лаже народот
СДСМ денеска со соопштение против политиките на Силјановска Давкова. Ви го пренесуваме во целост.
Силјановска не знае каде, тоа е факт, исто како што е потврдено дека е лицемерна кон граѓаните:
Силјановска не знае каде е. Тоа е факт. Таа е загубена во политиката на деструкција на Мицкоски којашто ја следи.
Потврдено е исто така дека како и Мицкоски, и неговата кандидатка, Гордана Силјановска не е искрена и е лицмерна пред граѓаните и пред јавноста.
Силјановска пред граѓаните вели дека не го признава и нема да го користи уставното име на државата. Но, официјален документ потврдува дека таа се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија.
Неприфатливо е претседателски кандидат да ги манипулира гласачите, да говори едно, а друго да прави.
Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат лицемери и партиски послушници да застанат на чело на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа