СДСМ: Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за европски вредности

 

Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ, партијата кочничар на интеграциите да зборува за европски вредности и реформи, велат од СДСМ.

Преку соопштение од СДСМ наведуваат дека за само две години, успешните политики и реформи на Владата предводена од СДСМ ја отворија перспективата кон ЕУ и НАТО. Со ратификацијата на протоколот за пристапување, членството во НАТО станува извесно.

„Пред нас се неколку клучни услови за почеток на преговорите со ЕУ, чиј почеток е предвиден за средината на годината.

Доколку Република Северна Македонија не ги започне преговорите со ЕУ тоа ќе биде поради три причини предизвикани токму од однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ: Ако продолжи да го кочи носењето на Законот за јавно обвинителство и работи против Специјалното јавно обвинителство., ако продолжи да работи на блокада на реформските закони и трето, да повика на бојкот на претседателските избори и да го наруши изборниот процес.

За сето ова одговорноста е кај ВМРО-ДПМНЕ. Владата предовдена од СДСМ останува на евроатлантскиот курс и продолжува со заложбите за полноправно челснтво во ЕУ и НАТО како врвен државен и национален интерес“ стои во партиското соопштение

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2019 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега