Македонска судиска петорка ќе ја дели правдата на натпреварот Виган-Марибор
Македонски судии ќе судат на натпреварот од фудбалската Лига на Европа меѓу домашниот Виган и Марибор.
Главен судија ќе биде Александар Ставрев, а негови асистенити на покрај аут линијата ќе бидат: Марјан Кировски и Дејан Костадиновски, додека зад головите се делегирани Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски.
Судија кај резервните клупи ќе биде Дејан Неделковски.
Македонија ќе има свој претставник и помеѓу контролорите кои ги делегира ФИФА и УЕФА, соопштуваат од ФФМ.
Покрај домашниот состав на овој турнир ќе учестуваат уште: Украина, Естонија и Малта.
01.10.2013 - 15:25