Јанушев: Не го коментираме помилувањето - осудените за 27. април треба да се на слобода

 

Без коментар за најавите за можно помилување од страна на претседателот Иванов е опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот генерален секретар денеска на пред-конференција рече дека целата тема сеуште е во рамки на шпекулации и дека партијата нема да излегува со било какви коментари во таа насока.

Јанушев рече дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека пресудите за 27. април се незаконски и дека осудените не треба да бидат помилувани, туку ослободени.

- „НИе остануваме на ставот дека драконските казни донесени на начинот на кој што беа донесени треба да бидат укинати", рече Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2019 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега