Мицкоски: Заев се колнеше во татковината дека нема да го избрише идентитетот, а единственото нешто што го направи изминативе две години е токму тоа
Неправди има на секој чекор, неправда е кога како опозиционер Зоран Заев ќе застане овде и ќе каже дека десно од мене ќе никне поликлиника, а една година, две години, три години потоа ниту поликлиника има ниту пак нешто се случува, изјави попладнево Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Бутел и додаде:
„Неправда е кога Зоран Заев и врхушката на СДСМ на скопјани ќе им ветуваат чист алпски воздух само да дојдат до тие пусти пари и фотељи. А кога се власт ниту воздух има, а и тој што го имаме тешко се дише бидејќи е немаштија и беспарица во Република Македонија.“
-Неправда е кога Зоран Заев како опозиционер ќе не убедува во својата жица, ќе се колне во децата, ќе се колне во дедовината и татковината дека нема да го избрише идентитетот, а првиот момент кога ќе има можност единственото нешто што го направи изминативе две години е токму тоа, бришење на идентитетот, бришење на нашиот корен, потенцираше Мицкоски пред насобраните граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа