СДСМ: Граѓаните нема да дозволат нечесен претседател како Силјановска
СДСМ денеска со соопштение против политиките на Силјановска.
Гордана Сиљановска призна дека не си ја познава државата, граѓаните нема да дозволат неискрени и нечесни личности да ја водат државата
Кандидатката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска призна дека не си го познава сопствениот народ.
Сиљановска призна дека првпат се запознава со селата и градовите во нашата држава и дека досега не знаела какви се граѓаните што живеат во нив.
Претходно Сиљановска призна дека не верува ниту во сопствениот слоган за кампањата, призна дека други и го одбрале а таа само го прифатила.
Граѓаните нема да дозволат кандидат кој не ги познава селата и градовите, кој не го познава сопствениот народ да застане на чело на државата.
Граѓаните, на овие избори ќе одберат вистински претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател кој обединува и води напред кон прогрес и интергација во ЕУ и НАТО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа