Костадинов: Силјановска сака да биде новиот Ѓорѓе Иванов

 

Костадинов денеска со обвинувања за Силјановска.

Денеска уште еднаш потврдуваме дека Сиљановска е неискрена и нечесна пред граѓаните.

 Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, напразно зборува за правда кога поддржана од партија чиј почесен претседател е осуден криминалец во бегство.

 

 Сиљановска напразно зборува за правда и фер избори, кога гордо се фотографира со лица осудени токму за кривични дела поврзани со изборите.

 

 На јавно објавени фотографии, Сиљановска е во друштво Славица Ангелова од Кочани, осудена за поткуп при избори и гласање за локалните избори 2017 година.

 

 Ова е пресуда од Основниот суд во Кочани со која јасно се гледа дека Ангелова има правосилна пресуда и е осудена за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.

 

 За каква правда зборува Сиљановска кога оди низ државата, се слика и бара поддршка од лица осудени за поткуп при изборите?

 

 

 Сиљановска е нечесна, неискрена и лицемерна. Таа не верува ниту во сопствениот изборен слоган. Сиљановска сака само да биде новиот Ѓорге Иванов, нов послушник и извршител на нарачките од белиот дворец и секако на нарачките од лидерот и менторот од Будимпешта.

 

 Граѓаните нема да дозволат државата да ја водат партиски послушници и лицемери како Сиљановска.

 

 

Во недела граѓаните масовно ќе го подджат концептот на правна држава предводен од Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега