Мицкоски: Дојде човек кој ми призна дека се полнеле кутии за време на референдумот

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 објави скандал поврзан со гласањето на референдумот на 30-ти септември за промена на уставното име на Република Македонија.

Тиој вели дека на него лично човек му кажал дека за време на референдумот се полнеле кутиите, но како што рече Мицкоски Основното Јавно обвинителство знаело за случајот, но за жал се уште не реагирале.

-Еве ќе ви кажам една неформална информација. Мене ми пријде човек кој што ми кажа дека полнел кутии тој ден. Не го кажувам името од објективни причини, но кога ќе има вистински реформи во судството и обвинителството подготвен е човекот да сведочи и кој го мотивирал и како го мотивирал, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека доколку конечно се отвори истрага за овие предмети, тој е спремен да сведочи.

-Ги повикувам да дојдам да сведочам, кога ќе ја започнат истрагата, подготвен сум тогаш да им кажам, нагласи Мицкоски.

Можеби еден од основните мотиви на ВМРО-ДПМНЕ за да поддржи кандидат кој е е истакнат правник и одлуката падна да се поддржи борец за правда токму затоа што тоа, правото и правдата ни е основа на политиката, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека претседателот и нема некои директни ингеренции во оваа област, но може да сугерира и владата треба да го прифати тоа.

-На пример како ќе ме убедите дека сега има право и правда кога на прв ден од кампања Апелацискиот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Заев, а сите видоа како бара пари, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде и дека за инвеститорите странски и домашни важно е да има реформи во судството зошто некој ќе инвестира само ако има правна сигурност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега