ВМРО- ДПМНЕ: Земјоделците добија пониски откупни цени, а субвенциите кои ги следува се драстично намалени

 

Власта предводена од Зоран Заев земјоделието го доведе пред колапс. Заев и Николовски се што ветија на земјоделците ништо не остварија, велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.

 

„Напротив земјоделците добија пониски откупни цени, а субвенциите кои ги следува се драстично намалени. А, што е уште пострашно не ја добија и долго најавуваната зелена нафта не ја добија.

Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега ништо од тоа да нема“ стои во реакцијата.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека можеби Николовски и Заев имаат розеви наочари и не ја гледаат реалноста, но земјоделците не  носат розеви наочари и за нив асоцијација за владеење на СДСМ е еднакво на временска непогода, бидејќи тогаш ништо не добиваат туку само губат.

„Земјоделието со владата предводена од СДСМ  е на  колена. Земјоделците се на раб на егзистенција. СДСМ мора да си замине. Оваа влада донесе само хаос за земјоделието“ велат од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега