ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и сам призна дека е нервозен, Силјановска ќе победи

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение до јавноста.

Слободните медиуми се нужност на секое општество. Власта вчера посегна по медиумите и оневозможи телевизиска екипа непречено да си ја врши својата работа. Тоа е преседан и недозволиво. Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми.

          ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудва вчерашниот напад на телевизиските екипи на ТВ21 истото е чин на примитивизам и не му доликува на македонското општество. Независното новинарство е придобивка на 21 век и власта не смее да се дрзне истото да го суспендира.

          Стево Пендаровски е се по нервозан. На вчерашната дебата и самиот тој призна дека нема трпение, ваквата нервоза кај Пендаровски е поради се послабиот рејтинг и неминовниот изборен пораз.

          Соочени со поразот СДСМ тоне уште повеќе, па ангажира партиски членови кои од партиски собири се закануваат дека во ДИК ќе влезат со пиштол, а при тоа никаква реакција од безбедносните служби.

          Република Македонија е соочена со политизирани безбедносни служби. Токму затоа е потребно повторно воведување на принципите на правната држава и владеењето на правото.

          Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија, за право и правдина!

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега