Спорот за името главна тема на средбата Ахмети-Филе
Синоќа лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Брисел оствари средба со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, пред да биде објавен извештајот за напредокот на Македонија.
На средбата, Ахмети и Филе разговарале за претстојниот прогрес-извештај што Европската комисија ќе го издаде за Македонија на 16-ти овој месец, како и за грчко-македонскиот спор за името.
- Филе и Ахмети се немаа сретнато од март овој месец, кога разговараа во Скопје. Главна тема на синоќешната средба беше претстојниот извештај на Комисијата, но и прашањето за името со Грција и други политички случувања во Македонија, потвди за МИА портпаролот на комесарот за проширување, Петер Стано.
Во рамки на неговата турнеја низ ЕУ, Ахмети продолжува со гостување во Париз, Франција, а потоа и во Хаг, Холандија.