Претседателските кандидати едногласни: Не смее да има помилување за 27. април
На вечерашната дебата на ТВ21 сите тројца претседателски кандидати го изразија својот став дека Иванов ниту има законско ниту уставно право да додели помилување.
-Амнестија може да се спроведе само врз основа на закон на Парламентот и таа важи тогаш на сите. Претседател може да помилува во согласност со закон. Во моментов тоа е неможно, бидејќи сме среде избори и целата постапка може да оди само преку Министерството за правда, ка-акандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановск Давкова.
-Мислам дека е јасно дека без да иницира постапка Министерството за правда дека претседатњелот сам по себе не може ниту да ја почне таа постапка ниту да ја заврши сосема автономно од почеток до крај и во тоа ја гледам големата злоупотреба на помилувањето на над 50 лица криминалци од голем маштап од 2016 година, кој го предизвика големиот народен бунт, големиот граѓански отпор,против одлуката на Иванов во тој период. Значи мислам дека такви екскурзии кои директно ја загрозуваат стабилноста на државата и го рушат постулатот на правна држава не би смеел никој од нас ако победи да помисли да прави - рече кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.
-Би било незаконски и противуставно претседателот во самата кампања да помилува никој - кажа кандидатот за претседател Блерим Река.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа