ВИДЕО:Потрошила 8.500 фунти да го истетовира Роберт Патисон по цело тело
Запознајте ја најстарата обожавателка на филмскиот серијал „Самрак“. Оваа жена има 52 години и нејзиното тело е покриено со тетоважи со детали од ликовите од филмот.
За да изгледа вака Вард морала да потроши 8.500 фунти. Меѓутоа, таа нема намера да застане тука, туку сака целото тело да го ишара со слични тетоважи, се додека не изгледа како да е „облечена во Самрак“. Тетовирањето траело 91 час и ја чинело цело мало богатство, објаснила оваа страствена обожавателка.
02.10.2013 - 13:36